Тргување со хартии од вредност

Зошто тргувањето со хартии од вредност стана толку актуелно, е прашање на кое што не може толку лесно да се одговори. На почеток најважно е да се истакне појавата на акционерство во ерата на трансофрмацијата

Зошто тргувањето со хартии од вредност стана толку актуелно, е прашање на кое што не може толку лесно да се одговори. На почеток најважно е да се истакне појавата на акционерство во ерата на трансофрмацијата на сопственоста коа се распространува со приватизација на претпријатијата и условила тргување со хартији од вредност, а како друг факт се наметнува потребата да се заработи надвор од егзестиционалните обврски. Всушност, сите интензивни друштвени пореметувања во текот на економската криза наметнуваат природна потреба за активно планирање на иднината, односно со финансирање да се обезбеди сигурна финансиска перспектива. Поради тоа што тргувањето со хартии од вредност е и берзанско работење во голем дел е една новина во досегашниот начин на работење, често се органирираат семинари и популарни форуми на таа тема.

тргување-со-хартии-од-вредностиТргувањето со хартији од вредност побарува одреден степен на знаење и целина на неопходни информации за сите оние кои се одлучиле да инвестираат на овај начин. Прво е потребно да се запознаете со материјата и основните поими и правилата по кои се извршува ова тргување. Хартиите од вредност, всушност представуваат дукументи со кои се ветува дека ќе се исплатат пари, камати, заработка или девиденда. Хартиите од вредност се дефинират како инвестициони инструменти односно, оние хартии кај кои што постои ризик во вложувањето кој се карактеризира со заработка. Во оваа група спаѓаат ации, обврзници, опции, и други финансиски деривати, а се продаваат на организиран пазар на капитал. Истовремено, хартиите од вредност од овие категории представуваат најзачајни групи на финансиски интрументи со кои се тргува на финансиските пазари. Во поширока смисла, тргувањето со хартии од вредност опфаќа и инструменти на кредити и плаќања како што се чекови, меници и сл. Секоја хартија од вредност мора да биде во пишана форма, да содржи некое граѓанско (најчесто имовинско) право и остварувањето на тоа право да е поврзано со постоењето на хартии од вредност. За тргување со хартии од вредност е важно да се знае дека хартите од вредност во современиот промет можат да се појават како средства на плаќање на кредити, обезбедување на побарувачка на стоковен промет и слично. Понудата на хартии од вредност на пазарот може да биде примарна и секундарна. Примарна е првата понуда за продажбата на хартии од вредност која ја прави издавачот на тие хартии, додека секундарната е јавна понуда, всушност тргување со хартии од вредност на организиран пазар, која ја прави нејзиниот сопственик. А на организираниот пазар може да тргуваат само членовите на берзите (брокерско – дилерски друштва и овластени банки), а сите други лица исклучиво со посредништво на членовите на организираниот пазар.

Тргувањето со хартији од вредност на организираниот пазар подразбира јавна понуда на хартии од вредност, односно, поврзување на понудата и побарувачката. Тргувањето се одвива на организиран пазар кој опфаќа берзански и вонберзански пазар, а во склад со одредбите кои ги пропишуваат надлежните органи. Организацијата и пропишувањата на условите за работење на берзите, надзорот над работењето на членовите на берзите, како и прием на хартии од вредност и други финансиски инструменти ги прави организаторот на пазарот. Инаку, спрема споменатите прописи, предмет на јавна понуда на берза може да бидат следните хартии од вредност – акции (HOV кои гласат на делот на основниот капитал на акционерското друштво), должнички хартии од вредност, депозитни потврди (HOV кои ги издаваат банките кои поседуваат странски акции или обврзници кај банки во странство) и др. Хартиите од вредност се издаваат со објавување на проспекти за издавање на вредносни хартии и упатување на јавни повици за упис и уплата на хартии од вредност. Проспект представува пишан јавен документ кој содржи податоци кои на инвеститорот му овозможува јасен увид во објективна правна и финансиска положба на издавачитеа на хартиите од вредност, во неговите бизнис можности, како и во правата и обврските кои произлегуваат од хартиите од вредност на кои проспектот се однесува. Сите наведени информации од проспектот треба да му помогнат на инвеститорот во донесувањето на правилни инвестициони одлуки, односно, да му ја олеснат трговијата со хартии од вредност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *