Профитабилен бизнис – вложување на берза

Современиот начин на живот и на работење ни донесе и нова појмовна терминологија во секојдневната комуникација и во работата: вложување на берза, берзанско работење, берзански посредник, боркерски куќи, форекс тргување и сл. Освен тоа актуелните

Современиот начин на живот и на работење ни донесе и нова појмовна терминологија во секојдневната комуникација и во работата: вложување на берза, берзанско работење, берзански посредник, боркерски куќи, форекс тргување и сл. Освен тоа актуелните случувања во економско – политичките сфери носат многу промени како своинските трансформации, приватизацијата, акционерството, мали и средни претпријатија и сл. Така, во текот на процесот на приватизација и на своинските трансформации, вложувањето на берза стана се почест начин на инвестирање, а како последица на промените кои се установиле, пред се, новите економски категорија, новите инвестициони инструменти и др.  Поточно во процесот на транзиција, која представува премин од еден систем во друг, од општествена своина и самоуправни односи на пазарната економија дошло до промени во опшествениот живот воопшто. Премин од статусот на самоуправувач во статус на акционер условило на перманентниот начин на едукација и информирање, вложувањето на берза да е препознаено како профитабилна работа. Зачетокот на тој процес ги наоѓа своите први чекори во 1989. година од кога се јавуваат разни модели на приватизација, а потоа во 1997. година кога е донесен Законот за своинската трансформација и понатаму во 2001. година Законот за приватизација. Со тоа всушност е обновено акционерството во Македонија, кое датира од 30 – те години на 19 век. Првите идеи и чекори за контролирањето на движењето на вредноста на парите во далечното минато ги спроведувало Македонското трговинско здружение, кое се смета за значајно за развој на целокупната македонска трговија, како предводник на современата берза каква ја знаеме денес.профитабилен-бизнис-вложување-на-берза

Меѓутоа, вложувањето на берза бара, покрај одлучноста да инвестираме на берзанскиот пазар, одредено знаење за тргувањето на берза. Пред се, вложувањето на берза е можно да се оствари исклучиво со посредство на брокери, кои се во обврска да имаат лиценца за извршување на посредничките работи односно дозвола за работа на пазарот на капитал. Дозволите ги дава Комисијата за хартии од вредност која воедно врши контрола на берзанското работење. Секој потенцијален инвеститор на берза, без разлика дали е физичко или правно лице, мора за почеток да избере брокерска куќа преку која ќе врши инвестиција на берза. Изборот на брокер се врши придржувајќи се до одредени критериуми од кои зависи профитабилноста на работата каква што е вложувањето на берза, кои обично се сврстени во во пакет на услуги кои им ги нудат брокерските куќи на своите потенцијални клиенти. Со оглед на тоа дека брокерите се специјализирани работни субјекти за посредување во тргувањето со акции од нив се очекува да бидат доверливи во областа на инвестициите (вложување на берза). Меѓу бројните брокери има и такви кои  во својата понуда имаат инвестициони инструменти во акциите на домашните и странските компании (Fortrade е водечка брокерска куќа во регионот со огромна палета на инвестициони инструменти: акции на најзначанјите меѓународни компании, најтргуваните валутни парови, најзначанјите деривати на светските енергетски и други ресурси, како што е суровата нафта, благородните метали и сл.). Во секој случај од брокерските куќи треба да очекувате да биде доверлива, информативна, работна и да одговара на барањата кои ги има во изобилство кога е во прашање вложувањето на берза. Во практична смисла, брокерот е должен на транспарентен начин да го презентира својот начин на работење во склад со законската регулатива пред клиентот да ја донесе инвестиционата одлука, односно, пред да го издаде својот налог за трговинска трансакција, без разлика дали се работи за продажба на акции на берза или за купување на истите. Пред се, треба да се земе во обзир дека секој акционер преку поседување на акции воедно е и сопственик на капиталот на некоја компанија, а сопственичките односи спаѓаат во комплексна категорија, а со тоа е поголема потребата за професионален став спрема работата каква што е вложувањето на берза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *