Како се одвива тргувањето со акции

Тргувањето со акции се одвива во склад со Законот за стопански друштва кој покрај другото го уредува правото и положбата на сопственикот и сопственоста на акциите. Со овај закон се дефинирани и основните информации за

како-се-одвива-тргувањето-со-акцииТргувањето со акции се одвива во склад со Законот за стопански друштва кој покрај другото го уредува правото и положбата на сопственикот и сопственоста на акциите. Со овај закон се дефинирани и основните информации за акциите и акционерите, како и сите релевантни прашања кои се поврзани со тргувањето со акции. Всушност, пред да почне процесот на тргување со акции првобитно мора да се добие информација за основните поими во врска со акциите, како и правото за располагање со акциите. Најбитно е да се разликуваат два вида на акции – обични или редовни акции и преференцијални или повластени акции. Основната разлика помеѓу обичните и преференцијалните акции се однесува на правилното управување по законските регулативи. Но, без оглед на видот на кој припаѓа секоја акција по дефиниција е сопственичка хартија од вредност и како таква претставува дел од капиталот (сопственост) на компанијата која ја издала акцијата. Истовремено, секој поединечен сопственик на акција одредена од страна на компанијата е сопственик на дел од компанијата, а пропорционално со бројот на акции кои ги има во своја сопственост. За тргување со акции, важно е да се разликува номинална од книговодствена вредност на акцијата од нејзината пазарна вредност. Номиналната вредност на акцијата е непроменлива поради тоа што претставува вредност на акцијата во време на нејзиното издавање, додека книговотствена вредност претставува категорија и претставува вредност на акцијата искажана со односот на книговотствената вредност на капиталот на компанијата и вкупниот број на акции кој е емитуван.

Пазарната вредност на акцијата се менува независно од номиналната и книговодствената вредност, а таа е најбитна за тргување затоа што претставува валоризиран однос на понудата и побарувачката на пазарот. Спрема тоа, за тргување со акцији паразната вредност на акцијата во одреден момент релевантна информација за донесување одлуки за продажба или за евентуално купување.

Важно е да се занаат и други поединости кои фигурираат кога тргувањето со акции е во прашање. Односно, во случај одредена компанија да остварува позитивни резултати со значајен профит се појавуват заинтересирани инвеститори кои сакат да купат акции од компанијата. Тоа на пазарот се манифестира во вид на налог за купување на акции, додека на друга страна постои можност да се отуѓат акциите односно, да се издаде налог за продажба на акциите на пазарот. Суштински, со тој чин се извршува тргување со акции а истовремено тој преставува слобода на акционерите да излезат од статусот на акционерство или да го прифатат статусот на акционери во некоја компанија. Освен тоа, во случај на отворени акционерски друштва постои обврска тргувањето со акции да се извршува на организиран пазар (берза) по строго утврдени правила дефинирани од стана на оганизаторите на пазарот. Во границите на берзата се извршува тргувањето со хартии од вредност, на организиран брзански и вонберзани пазар.

Познавање на процедурите по кои функционира тргувањето со акции е важно за секој акционер, без огед на кој начин акционерот станал сопственик на акциите, поради тоа што оствареното право на сопствеништво е трајно и преносливо како наследство, поклон или продажба. Секој акционер е впишан во книгата на акционери, со податоците за бројот на акции кои ги поседува, како и со личните податоци за него. Тргувањето со акции се извршува преку посредство на овластени учесници на берзата (брокерско – дилерски друштва) кои претставуваат професионални актери специјализирани за тргување со акции на организиран пазар, берза. Меѓутоа, инвестиционата одлука е исклучитено право само на сопственикот на акцијата, без оглед на инвестиционите совети и сите други услуги кои брокерот им ги овозможува на акционерите, како свои клиенти. Затоа е многу важно секој акционер да поседува барем основни познавања за функционирање на берзите и процедурите по кој се одвива тргувањето со акции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *