Инвестициони фондови

Share

Креирање на амбиент за интензивно вклучување на мали и индивидуални инвестиции во активноста на пазарот на хартии од вредност (инвестициони фондови) посебно добило на важност со донесување на Законот за инвестициони фондови. Практично, со присуството на инвестициони фондови од големи размери на домашниот пазар на капитал најшироките слоеви на население добија можност за остварување на бенефиции од врвен финансиски менаџмент и тоа под многу поволни услови. Инвестиционите фондови располагаат со кадар кој допринесува да целокупното финансиско окружување ужива во ефектите на синергија со соиграчите способни да остваруваат мултилатерални позитивни дејства, кои се производ на финансиска експертиза и позитивни елементи на добра управувачка пркакса.

инвестициони-фондовиИнвестиционите фондови се своевиден феномен на модерни финансии и експанзија кои овозможуваат вклучување на индивидуалните како и малите инвеститори во модерните финансии. Квалитетен напредок во споменатата сфера активно овозможува, токму менаџерите на фондови кои на база на професионален однос спрема клиентите и окружувањето остваруваат влијание на широкиот спектар на тоталитет на учесниците на пазарот на капитал. Зголемен интензитет на развојот на акционерства забележан е благодарејќи на претставниците на инстутициите од различни области, како што се: осигурање, пензиски фондови и инвестициони фондови. Значителен раст на инвестиционите фондови е забележан во сите земји, а кога станува збор за колективно инвестирање во хартии од вредност или инвестициони фондови, тие функционираат во две основни категории – отворени инвестициони фондови и инвестициони фондови од затворен тип. Отворени или заеднички фондови претставуваат инвестициони шеми во кои инвеститорите можат да купуваат и да ги продаваат своите инвестиции по однапред одредени датуми и по цена која одржува нето вредност на имотот на фондот. Затворени фондови се шеми за инвестирање каде инвестицијата останува до одреден датум, без можност за откуп од страна на инвеститорот пред утврдениот датум. Заедничкиот фонд е организиран како корпорација или како посебен trust кој им продава акции на акционерите. Заеднички инвестициони фондови имаат официјални службеници и директори па во тој смисол се организирани како било која друга компанија. Она што битно ги издвојува од другите компании е ектремно управување. Инвестиционите фондови се потпираат на снабдевачите на услуги од страна или на придружените организации, независни преземачи кои инвестираат имот во фондовите, но и се грижат за други работни активности. Компаниите кои управуваат со фондовите или менаџерите на фондовите имаат посебно место затоа што се тие подвижна, управувачка и креативна снага која донесува ефикасност, сигурност и популарност на инвестиционите фондови.

Универзумот во кој се движат инвестиционите фондови е многу разновиден. На светските пазари функционираат над илјада инвестициони фондови, а меѓусебно се разликуваат по географската и секторската определеност, видот на хартија од вредност во која вложуваат капитал, структурата на портфолиото, како и по стратегиите на вложување. Инвестиционите фондови можат да инвестираат во рамките на националните и регионалните граници, но и во глобални рамки. Секторската ориентација се однесува на инвестирање по индустриски гранки или сектори, како и да можат да бидат фокусирани на развиените пазари или специјализирани за пазари во развој.

Во поглед на стратегиите на вложување, инвестиционите фондови се определени за една од многуте варијанти помеѓу активното и пасивното управување. Пасивно управување со фондовите, како едноставно реплицирање и следење на индексите како показател на движењето на цените на хартиите од вредност на целокупниот пазар или само на одредени пазарни сегменти. Активниот пристап е многу покомплициран затоа што во тој случај менаџерите ја реализираат утврдената цел по пат на стратегија на максимизирање на растот на големите приходи, а на основа на анализа на перформанси на сите учесници и окружувањето на пазарот. Меѓутоа, за инвеститорите е најважно менаџерите и нивните инвестициони фондови да се придржуваат до официјалната стратегија која е објавена.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *