Електронско банкарство

Share

електронско-банкарствоВо електронскиот платен промет и трансферот на парични средства, електронското банкарство е важен сегмент на дигиталната економија. Денес, готово сите видови на работење на банките практикуваат електронско банкарство, како во внатрешната организација на работењето на самата банка, така и во комуникацијата на незините комитенти. Всушност, банкарскиот сектор им пружа услуги на своите коминтенти и на клиентите и преку финансиските иновации кои се неопходни во современите пазарни услови, каде соработката бара многу висок ниво на комуникација, така што е неопходно да се заснова на современите инвестициони и телекомуникациони технологии. Во таа смисла, институционалното банкарство и финансиските пазари кои имаат работно окружување (стопански и работни субјекти) во взаемна соработка, нужно вршат трансформација во начинот на работење во соработката кон електронската соработка. Практично, развојот на информатичката и телекомуникациската технологија ствара услови за глобализација на работата, односно примена на современи трендови како што се дигиталната економија и електронското банкарство. На тоа му допринела и јаката конкуренција во банкарскиот сектор каде основен приоритет е да се задржат клиентите, затоа што електронското банкарство и современиот начин на работење постепено ги бришат географските и сите други граници и разликите помеѓу банките, брокерските фирми и осигурителните компании. Интернетот и електронското банкарство претставуваат водечка технологија во новата концепција на пристап на банките во нивното работење преку вложувања во специјализирана технологија ориентирана према клиентите и тоа како главна цел во глобализацијата на меѓубанкарскиот пазар.

Во своите први чекори, електронското банкарство претставувало револуционерен процес према кој банките не се однесувале секогаш со одобрување, пристапувале со недоверба во примената на новата технологија. Меѓутоа, предностите кои се покажале  во процесот на работата и во функционирањето на банкарскиот сектор, отварале се поголеми перспективи во понатамошниот развој. Денес во светот, повеќе илјади различни банки на своите клиенти им нудат услуги кои се однесуваат на електронското банкарство со тенденција на стално зголемување на бројноста. Тоа е потполно разбирливо ако се земат во обзир сите предности кои ги има електронското банкарство како специфичен начин на електронско работење во однос на класичниот начин на рабтење. Основните предности се смалување на трошоците на работење и заштеда на времето, побрз обрт на средства, сигурен и безбеден платен промет, постојан увид во состојбата на сметката и прометот и слично. Примарната цел на воведувањето на системот на електронско плаќање е насочена кон решавањето на проблемите на системот за плаќање зановани на хартија (замена на гломазните документи на хартија по пат на пенос на електронски) но праксата покажала дека ваквите процеси условиле реинжењеринг на работните процеси. Електронското банкарство и појавата на електронски пари наметнале потполно нова филозофија во банкарскиот сектор заснована на електронската размена на податоци и средства. Со развојот на електронскиот пренос на податоци значајно се менуваат финансиските инструменти и технологијата на работење, а финансиските трансакции можат да се пренесуваат на неограничена далечина и во време кое се мери во делови од секунда. Електронскиот систем на плаќање и трансферот на пари се секојдневна пракса во интербанкарскиот сектор со развиен безготовински трансфер на микро и макро ниво. Во значајна мера е развојот и примената на низ нови банкарски технологии како електронски работилници, самоуслужно банкарство, домашно и канцелариско банкарство и др. Електронското тргување им овозможува на клиентите купување и плаќање преку интернет со посредство на домашен компјутер (систем на користење на платежни картички). За сите купувачи, продавници и банки, електронското тргување е како еден од основните видови кој подразбира електронско банкарство, погодно и ефикасно заради релативно ниските трошоци за одржување и самото работење. Се повеќе е во експанзија и развојот на трговијата на меѓународниот финансиски пазар кој доживеал фантастичен развој заради напредувањето на работењето во банкарскиот сектор и информатичката технологија. Наглото користење на интернетот во работниот амбиент наметнал потреба за заштита на поверливите податоци и сигурност во комуникацијата, а посебно во осетливите сектори како што е електронското банкарство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *