Цената на бакарот на берзата и нејзиното влијание на пазарот на валути

Во анализите на движењето на цената на меѓународниот пазар, цената на бакарот на берзата многу често зема значајно место и интерес на инвеститорите. Тоа е последица на големата поврзаност на бакарот како роба, со растот

Во анализите на движењето на цената на меѓународниот пазар, цената на бакарот на берзата многу често зема значајно место и интерес на инвеститорите. Тоа е последица на големата поврзаност на бакарот како роба, со растот на водечките светски економии. Всушност, бакарот, со хемиска ознака CU (латинското име за бакарот е Cuprum) е познат како основна состојка на бронзата. Застапен е во земјината кора во вид на минерал халкопиринта, хаклкозина и други. Чистиот бакар е со црвенкасто – кафеава боја, спаѓа во меки метали со многу голема топлина и електрична спроводливост, а на воздух не подлежи на корозија. Бакарот масовно се употребува за продукција на електрични проводници и електроници. Бакарот се додава во разни легури, се меша со злато и сребро за подобрување на нивните механички особини. Поради широката примена на бакарот, пред се во индустријата, а го има во релативно мали светски резерви, бакарот представува материјал од стратешко значење.

цената-на-бакарот-на-берзатаЗа сите учесници на меѓународниот финансиски пазар и светските берзи за добра, од суштинско значење е фактот дека бакарот и цената на бакарот се во снажна спрега со стопанскиот раст, на прво место во индустрискиот развој на Кина. Посебно важно во овие информации е тоа што се знае дека Кина е најразвиена земја од земјите од третиот свет, заедно со Индија, во последниве години има значанја улога во случувањата на глобалните пазарни прилики. Големите потреби на Кина за бакар, која има значаен раст на производство во градежништвото и телекомуникациската индустрија предизвикала и нагли промени на цената на бакарот на берзите. Слична ситуација е и во другите водечки економији на светот, така што на крајот од предходната календарска година е забележана рекордна цена на бакарот на берзата во Лондон, а како причина за тоа е наведена информацијата за исчекување на глобален стопански напредок за почетокот на 2011. година. Со таа прилика е забележана цена од 9,392 долари за метрички тон бакар, што е многу висока цена на бакарот на берзата. Сите водечки брокерски куќи (Fortrade водечки брокер во нашиот регион) ги следат движењето на цената на златото, нафтата и бакарот, како стратешки важни суровини, а посебно заради нивното влијание на пазарното движење во глобала.

За да се разбере значењето на бакарот како стратешки материјал и високата цена на бакарот на берзата, потребно е да направиме подлабока анализа на најголемите производители. Водечки светски производител на бакар е Чиле, а чилеанскиот пезос не е во системот на пливачки валути. Затоа е значаен друг најголем производител во светот, Австралија, со својата пливачка валута, австралиски долар, која спаѓа во најтргуваните валути на Форекс пазарт. Ништо помалку важен не е факторот што за движење на цената на бакарот игра огромна улога во движењето на цената на Австралискиот и Новозеландскиот долар. Воопшто тесната поврзаност на односот на роба и валути посебно се следи и се изразува преку индексот на цената на роба (CRB) каде обавезно фигурираат движењата на цената на бакарот, златото, и нафтата. Индексот на цената на робата е многу корисна како мерка на инфлаторниот притисок, затоа што кога цената на робата расте, тој пораст на цената понатаму може да се прошири на земјоделството како зголемување на трошоците на производство и добра. Посебно значење има фактот дека цената на бакарот на берза има повеќекратна рефлексија на движењето на цената на меѓународниот финансиски пазар општо гледано, а причина за тоа е голема посветеност на водечките светски валути и стопанство, каде како спона сигурно се најдува во распространетоста на влијанието на австралискиот долар како важна валута и злато како стратешки важни добра, но и повеќе од тоа. Австралискиот долар доста лесно во анализите се гледа како азијска валута заради тоа што има оромно влијание на растот на на азиското производство. Бидејќи е во тесна врска со американскиот долар, а по својата темелна особина претставува валута од која можеби најмногу зависи цената на робата во тргувањето, со сигурност може да се тврди дека како водечки светски производител на злато и бакар, во многу зависен однос, како и сите негови најголеми пазарни партнери, од тоа како се однесува цената на бакарот на берза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *