Берза

Share

берзаБерза или Stock Маркет (stock, анг. залиха) е физички и работно организиран простор на кој се тргува со хартии од вредност, пари и странски средства на плаќање, под строго утврдени правила. Stock Маркет е институција на финансискиот пазар но и сама по себе е финансиски пазар. Сите Берзата (Stock Маркет), како институција на организиран финансиски пазар на капитал, всушност претставува сомостална организација која поседува сопствени работни простории, членство и работни правила иако берзите во промет на внесуваат хартии од вредност, ни тие самите купуваат и продаваат хартии од вредност, тие сепак спаѓаат во финансиски институции. Во склад со тоа, предметот на тргување на берза мора да биде стандардизиран за да биде лесно заменлив, односно, за тргувањето со него да биде едноставно брзо и ефикасно. Наведеното својство овозможува отсуство на предмети за тргување од местото на кое се тргува. Инаку, тргувањето на берза (Stock Маркет) се одвива по посебни правила кои обично се потврдени од страна на државните власти. На берзата, практично само се заклучуваат работи, додека испораките и плаќањата се одвиваат надвор од берзата, а правилата го одредуваат начинот на работа на берзанските служби. Тие се сместени во зборници под различни имиња, а произлегуваат од обичното трговинско право. Со време правилата напредувале како и берзите, со текот на развојот на пазарот и пазарните односи. Правилата за работење на берза имаат двострука функција – да обезбедат стандардизирање на предметите за тргување и на самите правила на тргување, како и да им овозможат заштита на сите учесници во тргувањето. Суштински гледано, клучна функција на берзата е да обезбеди континуитет на пазарот на хартии од вредност по цени кои не отстапуваат битно од оние по кои предходно се продале. Ова е доста важно заради тоа што континуитетот на пазарот се смета за неопходен за зачување на ликвидноста на хартиите од вредност без кои тешко би се привлекле средствата на инвеститорите. Точно континуитетот на пазарот ја смалува колебливоста на цената на хартиите од вредност што ја зголемува нивната ликвидност, т.е. способност за конверзија во готовина преку продажба.

Берзата или Stock Маркетот има големо значење затоа што и понатаму ја формулира и должноста на берзите. Постоењето на берзите, поточно речено, берзанските тргувања на некој пазар покажуваат дека тој пазар е сигурен, односно дека не е под влијание на непазарните ризици во работењето. Од друга страна, зајакнување на берзанското работење покажува на пораст на сигурноста во одредено стопанство и стопанските односи. Затоа основната должност на берзата (Stock Маркет) дека во своето работење овозможува законско извршување на тргувањето, заштита на интересите на учесниците на берзите, почитување на правилата и страндардни однесувања на сите учесници на берзата и да пружа информации за јавноста за сите факти значајни за работата на берзите. Членовите на берзите се брокерско – дилерски друштва и овластени банки. Прием во членство на берзите се врши врз основа на поднесено барање и документација пропишана со актите на берзата. Берзата (Stock Маркет) не смее да  го повреди принципот на рамноправност на членовите на берзата, додека членот на берзата должен да се придржува до правилата на членство, кои го подразбираат следново:

Придржување до сите акти на берзата

  • Совесно извршување на сите работи на берзата
  • Благовремено известување на берзата за пристигнување на налозите на клиентот или за сопствените налози.
  • Писмено известување на берзата за секоја промена на своите овластувања, права, обврски и одговорности за прав предмет и за промените кои се однесуваат на условите на чија основа е стекнато членството на берзата.
  • Плаќање на чланарина, провизија од завршените работи, тргување со хартии од вредност на берза и други надокнади утврдени со тарифникот на берзата, како и други одговарачки правила

Видови берзи (Stock Маркет) се одредуваат  на основа берзанскиот материјал, а се делат на стоковни берзи и финансиски берзи. На стоковните берзи се тргува со различни видови на добра (кафе, месо, нафта, жито, памук, злато, неметали, шеќер и др). Финансиките берзи се делат на универзлни и специјализирани. Универзалните берзи се оние на кои се тргува со хартии од вредност кои представуваат финансиски инструменти на пазарот  на капитал (сопственички и долгорочни должнички хартии), но не е исклучено ни тргување со краткорочни хартии, пари, девизи, финансиски деривати, (фјучерси и опции) и злато. На специјалните берзи се тргува само со одреден берзански материјал, така што разликуваме девизни берзи, берзи на злато и благородни метали, берзи на ефекти (се купуваат и продаваат само долгорочни хартии од вредност) итн.

Денес се ретки пазарите на кои не делува барем една берза. На нашите простори (Југоисточна Европа) работат Скопска берза, Београдска берза, Загребачка, Сарајевска, Бањалучка, Будимпештанска, Атинска и др. Најважни берзански центри во светот се Њујорк, Токио, Франкфурт и Чикаго, а најголема берза на хартии од вредност е Њујоршката (New York Stock Market).

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *