Банкарство

Share

банкарствоПо дефиниција, банкарство е систем на работење во чија основа се наоѓа интерес. Од тоа произлегува да најважната работа на банката, како основен субјект на банкарскиот систем (банкарство), интерес на заем, а тоа понатаму значи дека банката дава пари на позајмица на одредено време, и по истекот на рокот на тој период добива пари назад со зголемена вредност, камата (интерес). Банките обавуваат и некој споредни активности како што се инвестициони и спонзорски, но и тие се во функција на одредени пари, поради аспектот кој го има банкарството. Пари кои не донесуват добивка се неплодни пари, односно пари кои губат вредност. Едноставно речено банкатство е бизнис чии основен субјект се банките, а основата на фукционирање на целиот систем претставува интерес.

Банкарството како систем подразбира одвивање на банкарски работи, кои банките ги извршуваат по традиција или на основа на законска рагулатива. Сите тие работи се делат на три категории – билансни, функционални и критериум на траење. Спрема билансинот критериум банкарските работи се делат на активни, неутрални и сопствени банкарски работи. По трајноста банкарските работи можат да бидат краткорочни, среднорочни и долгорочни додека према функционален критериум разликуваме работи на мобилизирање на средства, кредитни работи, комисиони и сопствени банкарски работи.

Банките како субјект на работниот систем каква што е банкарството, преставуваат работни организации кои нудат финансиски услуги за профит. Традиционалните услуги на банките вклучуваат  примање на депозити на пари, давање пари од депозитите, процес на извршување парични трансакции и услуги на кредитирање. Покрај тоа, многу банки нудат подршка на финансиските услуги на индустриските претпријатија и на другите компании, а со цел зголемување на профитот преку кредитирање, разни пакети на осигурање, финансиски вложувања и посредување во размена на пазарни добра.  Инаку, поимот банкарство во својот изворен облик го сретнуваме низ историјата околу 15 век, односно од кога е основана првата модерна банка (1407. година) во Ѓенова во Италија (Банка на Свети Ѓорѓи), а самиот збор банка потекнува од латинскиот збор banco што значи тезга или шалтер во современата технологија. Банкарството долго време се состои од збир од универзални банки, какви што во минатото биле најстарите банки. Како такви, тие за своите комитенти ги извршуваат сите видови на работи. Меѓутоа со развојот на стопанството, посебно тргувањето и индустријата, паралелно се развивал и банкарскиот сектор (банкарство) и условило специјализирање на банките. Заблагодарувајќи на тоа, денес ја имаме следната спецификација на банките односно банкарски сектори: централна банка, бизнис банки, комерцијални банки, ивестициони и универзални банки. Во системот каков што е банкарството, централната банка е дефинирана како самостална и единствена емисиона установа на монетарниот систем, одговорна за монетарната политика, за стабилноста на валутите на одредена земја и финансиската дисциплина, како и за извршување на други работи кои се одредени со законот. Банкарството со текот на развојот доживеало осовремување преку новите банкарски технологии, како што се електричното тргување, самоуслужното банкарство, куќното и канцелариското банкарство, позивните центри и сл. Наведените технологии секојдневно се развиваат и усовршуваат со цел да се подобри квалитетот на услугите кои банките им ги нудат на своите клиенти, така што смислата на работење во банкарскиот сектор во потполност е ориентиран спрема клинтите и корисниците на банкарски услуги. Посебен напредок е видлив во секторот на електронското тргување  кое е широко применливо во доменот на меѓународниот финансиски пазар (електронски пазар, форекс пазар и сл.). Нагло ширење на интернетот и неговото користење во бизнис потреби секојдневно наметнува потреба за промени во функционирањето на светските мрежи, а со самото тоа тие промени влијаат и на меѓународното банкаство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *